Лукаревска: Работодавци не им ја дале платата на работниците добиена како субвенција

Овие работодавци ќе платат казна и ќе ги вратат парите назад.

2,536

Работодавачи од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга…, ја зеле финансиската поддршка од државата за исплата на плата на вработените, но не ја исплатиле на работниците. Ова го покажа анализата на Управата за јавни приходи.

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска денеска на прес-конференција ги соопшти податоците од реализацијата на мерката во април, мај и јуни, и апелираше до работодавачите кои ја добиле финансиската поддршка, а не ја исплатиле кон работниците тоа да го сторат пред јавно да бидат објавени.






Станува збор за 281 работодавач во април кои примиле поддршка во износ од 9.995.565 денари, а не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработен и во мај 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 денари.

– Утврдено е дека 120 даночни обврзници кои добиле финансиска поддршка не исплатиле плата за своите вработени и за месец април и за месец мај, а осум даночни обврзници исплатиле помалку плата за двата месеца – рече таа.

Во април од оние што не исплатиле плати на работниците се од дејноста трговија 62 фирми, од дејноста подготовка на оброци и служење храна 43 фирми, од градежниот сектор 17 фирми. Меѓу фирмите кои не исплатиле плата на вработените во април, а добиле финансиска поддршка имало и од дејноста производство на облека, трговци на мал и големо, емитување програма, објекти за сместување и слично.

Најголем дел од фирмите се од Скопје – 84, потоа Тетово 38, Гостивар 23, Струга 20 и Куманово 16.

Лукаревска потенцира дека 76 даночни обврзници, за дел од своите вработени побарале финансиска поддршка преку конечна пресметка, а за дел со исправка и за 1.121 вработен примиле финансиска поддршка во износ од 15.111.700 денари, но не извршиле исплата на износот на плата по поднесените исправки во вкупен износ од 172.790 денари. Овие компании се од дејностите градежништво, производство на мебел, транспорт, објекти за сместување, производство и сл.,

Најголем дел се 27 до  Тетово, 11 Гостивар и пет од Скопје.

За месец април, како што рече Лукаревска, 1.930 работодавачи, за 26.875 лица за кои примиле финансиска поддршка имаат извршено задржување на средства од плата во вкупен износ од 49.340.606 денари.

Финансиска поддршка за мај добиле 19.938 работодавачи во вкупен износ од 1.666. 373. 597 денари, за вкупно 119.182 вработени.

Во мај од оние 427 компании кои не исплатиле плата за 984 вработени се од дејноста трговија на мало 84 фирми , 66 фирми се од дејноста подготовка на оброци и служење на храна, 35 фирми се од транспорт, осум фирми нискоградба, а меѓу овие се и фирми од градежниот сектор, производство, трговија на големо и мало, емитување програма и слично.

Според анализата, фирмите што не исплатиле плата во мај се 110 од Скопје, 61 во Тетово, 34 Гостивар, 28 Струга, 21 во Куманово, 15 Битола и 10 во Струмица.

И во мај, како што рече директорката на УЈП, 34 даночни обврзници кои за дел од своите вработени побарале финансиска поддршка преку конечна пресметка, а за дел со исправка, примиле износ на финансиска поддршка од 13.218.438 денари за 913 вработени, не извршиле плаќање на износ од 102.593 денари од поднесените исправки.

Станува збор за фирми градежништво, образование, подготовка на оброци и служење на храна, транспорт, објекти за сместување, производство и сл.лоцирани пет во Скопје, три во Тетово и по една во другите градови.

– За месец мај 1816 работодавачи, за 25 590 лица за кои примиле финансиска поддршка, имаат извршено задржување на средства од плата во вкупен износ од 40.069.247 денари. Податоците за овие компании, како и за месец април, ќе се достават до Министерството за труд и социјална политика за да може да се утврди дали задржаните средства од плата се основани или не, посочи директорката.

Податоците за овие компании ќе се достават до Министерството за труд и социјална политика за да може да се утврди дали задржаните средства се основани или не.

Лукареска апелираше сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да ја исплатат платата на вработените.

– Да го направат тоа пред да бидат јавно објавени – рече Лукаревска.

Таа појасни дека рокот за исплата е поминат, но сепак ова законско право треба да го остварат работниците.

Појасни дека доколку не се постапи и по овој апел, веќе се во координација со Државниот инспекторат за труд за да се преземат мерки согласно закон, кој предвидува присилна наплата, глоби и враќање на парите.

Во јуни 2020 финансиска поддршка е дадена на 17.905 компании во износ од 1.404 .470 . 647 денари, за вкупно 101 илјади 148 вработени.

Поврзани содржини