Канје го нападна раперот поради аферата со Ким, тој сега раскина со девојката

735

Раперот ги извести своите следбеници на Твитер за распадот со девојчето. Поранешната двојка имала бебе момче во мај, па напишал дека тој и модниот дизајнер ќе останат пријатели и ќе го воспитуваат детето како посебни родители.

Раперот Мик Мил (33) раскина со девојката и моднa дизајнерка Милан Харис, вo периодот кога раперот Канје Вест (43) објави на Твитер дека две години се обидува да се разведе од сопругата Ким Кардашијан (39). Ким се состанала со Мик во хотелот „Валдорф“ за да разговараат за реформите во затворскиот систем, но Канје не верувал во тоа.






За раскинувањето на врската со Милан раперот ги извести своите следбеници на Твитер. Поранешната двојка имала добила син во мај, па напишал дека тој и модната дизајнерка ќе останат пријатели и ќе го воспитуваат детето како одвоени родители.
Мике се најде во центарот на скандалот минатата недела поради прозивките на Канје за тоа дека Ким го изневерувала со него.

Раперот претходно навести дека објавите на Канје за неверството се лага, а тој на социјалните мрежи напиша „Ова е идиотско“. Во меѓувреме, Канје јавно ѝ се извини на сопругата Ким и рече дека знае дека ја повредил.

„Дејли мејл“ пишува дека Мик и пред неколку дена предизвикал контроверзии со коментар под објавата на пејачката Ники Минаж (37) дека е бремена. Под една од нејзините фотографии, раперот остави еден куп емотикони кои плачат од смеење, поради што раперката Ники, наводно, ги исклучила опциите за коментирање.

 

Поврзани содржини