Ќерката на славниот актер избодена со нож во ресторан ФОТО

1,214

Ќерката на актерот Келси Грамер (65), актерката Спенсер (36), била избодена со нож во петокот во ресторан во Ист вилиџ, пишува „Њујорк пост“. Таа и нејзиниот пријател Јан Филип Мулер влегле во конфликт со пијан маж кој го свртел ножот кон нив.

Сѐ започнало околу 23:30 часот кога видно алкохолизиран маж влегол во ресторанот и сакал да седне, но вработените го одбиле бидејќи ресторанот бил пред затворање. Тој почнал да се расправа со вработените и со неколку гости, вклучувајќи ги Спенсер и Јан Филип, кои се обиделе да помогнат.






– Сите скокнаа од своите места. Имаше можеби петнаесет луѓе. Сите се обидоа да ги разделат. Изгледаше како голема кавга – изјавил извор за странските медиуми.

Во целиот овој хаос, човекот ја избодел Спенсер на десната горна рака, а Мулер по грбот. Двајцата биле однесени во болница поради повредите, изјавиле од полицијата за странските медиуми. Кога полицијата пристигнала во ресторанот, мажот побегнал. Според зборовите на сведоците, тој бил ќелав и носел бела маица.

– Тој беше дефинитивно премногу пијан. Им наштетил на луѓето кои немале никаква врска со него. Се вратив од друг град, затоа што бев во карантин, а потоа такво нешто ме дочека – рекол еден од сведоците.

Келси Грамер (65) го освои светот со улогата на психијатар Фрејзер Крејн во сериите „Кафулето наздравjе“ и „Фрејзер“. Иако секогаш ги насмејуваше гледачите, неговиот живот беше обележан со многу трагедии.

Spencer Grammer and husband James Hesketh to divorce - UPI.com

FOTO: Instagram

spencer grammer (@spencergrammer) | Twitter

FOTO: Tviter

 

 

Поврзани содржини