Туристите се дебелеат, па сега една гондола во Венеција ќе прима максимум 5 наместо 6 патници. Градот Венеција го намалува максималниот капацитет на гондолите, но тоа нема врска со коронакризата.
– Во последните 10 години туристите тежат повеќе и повеќе. Наместо да ги принудуваме да стапнат на вага пред да се качат на гондола, решивме да го лимитираме нивниот број – изјави претставник на локалната асоцијација на гондолиерите за Си-Ен-Ен.
Поголемите гондоли, порано со капацитет од 14 лица, сега ќе примаат само 12.
Венецијанските гондолиери се жалат дека понекогаш претоварените гондоли се полнат со вода и тоа навистина е сериозен проблем за безбедноста на туристите.