Грета Тунберг освои награда од 1 милион евра, но сите пари ќе им ги подели на активистите за животна средина
Младата шведска активистка за заштита на човековата околина, Грета Тунберг, изјави дека ќе ја подели наградата за хуманост на португалската фондација Гулбенијан, вредна 1 милион евра, на здруженијата за заштита на животната средина.
– Тоа е повеќе пари отколку што дури можам да замислам. Затоа, сите пари од таа награда преку мојата фондација ќе бидат дистрибуирани до разни организации и проекти кои им помагаат на луѓето да се борат со климата и кризата во животната средина, особено на југот на планетата – соопшти седумнаесетгодишната Грета преку Твитер.
За почеток, 100.000 евра ќе бидат дадени на компанијата „СОС Амазонија“, за борбата против ковид-19 во оваа област. Толку пари ќе добие и фондацијата „Стоп екоцид“, чија цел е да се пропише екоцидот како казниво дело во меѓународното судство.
Сумата од 1 милион евра, што ја доби Грета Тунберг, е поголема од сумата дадена на добитникот на Нобеловата награда. Грета беше една од десетте финалисти за оваа награда, избрани од 136 номинирани.