Откриени 43 мигранти по удар на камион во бетонски столб од наплатна рампа

Во несреќата едно лице  е тешко повредено.

666

Полицијата пронајде 43 мигранти  по сообраќајна незгода која се случи  на автопатот Куманово – Скопје, на наплатна станица  Миладиновци.

Несреќата се случила кога  товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од за сега непознат возач, удрило во бетонски столб на една од кабините.






По несреќата возачот побегнал од местото, а при преглед во возилото, во товарниот дел биле пронајдени 43 лица мигранти од кои 13 од Бангладеш, 11 од Пакистан, 10 од Сирија, пет од Авганистан и четири од Турција.

Во несреќата едно лице  е тешко повредено.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини