Во Бразил милион заразени за еден месец, во САД по 74.500 нови случаи во еден ден
Бројот на заразени со ковид-19 во Индија надмина еден милион, соопшти денеска индиското Министерство за здравство. Инфекцијата, се вели во соопштението, се шири особено во помалите градови и села каде нема карантин и ограничувања, пренесуваат британските медиуми.
Бројот на заразени лица со коронавирус во Бразил вчера надмина два милиона, а досега починале речиси 77.000 луѓе, соопшти бразилското Министерство за здравство.
Од почетокот на епидемијата на Ковид-19 во земјата се регистрирани 2.012.151 лице.
Поминаа само 27 дена откако Бразил, кој по бројот на заразени лица се наоѓа на второ место во светот по САД, забележа еден милион случаи. За споредба, во САД од првиот до вториот милион заразени лица поминале 43 дена.
Епидемијата се шири многу брзо, а дневно се регистрираат по речиси 40.000 нови случаи.
Во последните 24 часа во САД се потврдени нови 74.500 случаи на коронавирус, што претставува најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата.
Според универзитетот „Џон Хопкинс“, вкупниот број на пациенти сега е зголемен на повеќе од 3.570.000, пренесува Би-Би-Си.
Како што се наведува, зголемување на бројот на нови случаи е забележано во 30 американски сојузни држави.
Во последните 24 часа од вирусот починаа околу 1.000 луѓе или досега вкупно над 138.000.
Бројот на заразени со Ковид-19 во Индија надмина еден милион, соопшти денеска индиското Министерство за здравство.
Инфекцијата, се вели во соопштението, се шири особено во помалите градови и села каде нема карантин и ограничувања, пренесуваат британските медиуми.
Во последните 24 часа во земјата се регистритани нови 34.956 инфицирани лица, со што вкупниот број на заразени сега изнесува 1.003.832, јави Си-Ен-Ен.
Во Индија досега од коронавирус умреа вкупно 25.602 лица.