Српскиот пејач Милан Обрадовиќ, познат како Мики Меќава, избегал од болницата во која бил хоспитализиран заради инфекцијата со коронавирусот.
Обрадовиќ избегал од болницата Арена во понеделникот попладне, а на себе немал ништо заштитната опрема.
Пејачот ја извести јавноста за болеста пред три дена. Тој објави видео од болницата и напиша дека е заразен со коронавирус.
„Ковид влезе и во мене. Поздрав на сите каде и да сте. Точно е, јас сум позитивен. Но, се борам со својата сила да бидам посилен од тоа зло. Благодарам на сите за вашата поддршка. Чувајте се, ова зло ќе трае“, напишал по тој повод на Инстаграм.
Во меѓувреме, пејачот се огласил и објаснил зошто заминал од оваа здравствена установа.
– За мене беше нормално да одам денес, 14-ти ден. Излегов нормално. Јас отидов во „Арена“, на моја иницијатива. Инаку, добив одобрение да одам дома во самоизолација. Јас нормално се пријавив кај докторите, сè нормално, имаше еден доктор кој не се согласуваше со тоа. Но, јас заминав затоа што сè е како што треба. Подобро ми е. Сакав да ја поштедам мојата куќа, за моите да не се селат од еден стан во друг, затоа отидов на „Арена“ на моја иницијатива, а инаку добив одобрение да одам дома. Јас секако не примав терапија, така што ќе се јавам утре и сѐ ќе биде во ред. Имаше еден доктор кој не се согласуваше со тоа да сиодам, но не можев да го загрозам своето здравје – рекол Мики Меќава за „Пинк.рс“.
ФОТО: Инстаграм