Штипјаните што претепаа девојка пуштени дома, им завршил притворот

380

На двајцата насилници, кои во јануари годинава брутално претепаа 22 годишна девојка и притоа го снимаа монструозниот чин, им заврши притворот и се отпуштени од кумановскиот затвор. Иако штипскиот Апелациски суд ја потврди пресудата на Основниот суд и затворската казна од по две и пол години е правосилна, осудените на слобода ќе останат уште два месеци.

За издржување казна затвор, како што информира ТВ Алфа,  треба да се јават после први септември, бидејќи со владина Уредба поради корона кризата е пролонгирано издржувањето на затворски казни до три години, освен за предметите за кои постои опасност од застарување, информираат од Судот за извршување на санкции во Штип.






„Мерката притвор определена против двајцата обвинети е продолжена до правосилноста на пресудата, но најдолго шеесет дена од изрекувањето на пресудата на истата како максимален период согласно законот, поради што осудените се отпуштени од затворот во Куманово на 30 јуни, информираат од Судот за извршување на санкции во Штип“, јави ТВ Алфа.

Поврзани содржини