Фармацевтка во Тетово со викање го избркала крадецот
Откако добила закана и ѝ биле побарани парите од касата, таа почнала да вика и избегала од аптеката по што, без да земе нешто, заминало и машкото лице.
Вработена во тетовска аптека со викање најверојатно успеала да уплаши непознато лице кое се обидело да изврши кражба во објектот. Откако добила закана и ѝ биле побарани парите од касата, таа почнала да вика и избегала од аптеката по што, без да земе нешто, заминало и машкото лице.
– Ноќеска во 1 часот, 47-годишната тетовка А.С.Ѓ. во СВР Тетово пријавила дека околу 22 часот во аптека на улица „29 Ноември“ непознато лице и се заканило и ги побарало парите од касата. Меѓутоа, според пријавеното, откако таа избегала од објектот и почнала да вика, лицето заминало без да земе ништо – соопшти СВР Тетово
Полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.