Две деца попладнево починале откако трактор паднал во река во близина на
мост на локалниот пат меѓу струмичките села Добрејци и Пиперево.
Децата се на возраст од 14 и 15 години, објави Струмицаденес.
Трагедијата се случила во 15 часот денеска, а по констатирање на причините за смртта телата на децата се предадени на семејствата.