Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела
Во сабота и недела (27 и 28 јуни и 4, 5, 11 и 12 јули) одделенијата во МТВ и БЕКО ќе работат од 08.00 до 16. 00 часот.
Скопјани готовите лични документи (лична карта и пасош) ќе можат да ги подигнат и за време на викендите се до одржувањето на парламентарните избори, информира Министерството за внагтрешни работи.
Како што е соопштено, готовите документи во периодот до одржување на парламентарните избори на 15. 07. 2020, ќе се подигаат во седиштето на Одделението за управни работи Скопје (зградата на МТВ) и подрачната канцеларија Беко и тоа во редовното работно време (од 07.30 до 20.00 часот од понеделник до петок) и секоја сабота и недела (27 и 28 јуни и 4, 5, 11 и 12 јули) во периодот од 08.00 до 16. 00 часот.