Хонгконг: Протест со песни за годишнината од судирот со полицијата

201

Илјадници луѓе низ Хонгконг пееја денеска протестни песни и маршираа за да ја одбележат годишнината од судирите со полицијата.

Стотици демонстранти се собраа во познатите трговски области Куасвеј Беј и Монгкок, и во шопинг центарот Ша Тин.






Демонстрантите во Куасвеј Беј носеле транспаренти „Небото ќе ја уништат ЦЦП“, мислејќи на Кинеската комунистичка партија.

Полицијата беше во приправност додека демонстрантите извикуваа пароли и ја пееја протестната химна „Слава на Хонгконг“.

Во Монгкок и Куасвеј Беј полицијата подигна сина застава, предупредувајќи дека собирите се незаконски и може да биде употребена сила за растурање на учесниците.

Група демонстранти се приведени и претресени во Монгкок, а во Куасвеј Беј полицијата употребила бибер спреј и уапси неколку демонстранти, вклучувајќи и еден пратеник.

Поврзани содржини