Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу денеска се согласија дека треба да соработуваат за да се создадат услови за мировен процес во Либија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Министрите на двете земји, кои поддржуваат спротивставени страни во либискиот конфликт, се согласија дека наскоро мора да биде назначен нов пратеник на Обединетите нации во Либија.
Министерството за надворешни работи на Русија претходно изрази поддршка за египетската иницијатива насочена кон започнување разговори меѓу завојуваните страни во Либија.