Во минималната кошница од 33.315 денари, најмногу се троши за храна и пијалоци

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната плата во земјава изнесува 26.422,00 и се однесува на плата исплатена во март годинава.

205

Над 33 илјади денари биле потребни на едно домаќинство во мај годинава за потребите во домот. Синдикалната минимална кошница во мај, според податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија, изнесува 33.315 денари, а најголем дел од средстсвата отпаѓаат на исхрана и пијалаци 42,61 отсто.

За хана и пијалаци биле потребни 14.196 денари, за домување 10.426,90 денари, хигиена 2.325,66 денари, за превоз 2.447,11 денари, облека и обувки 2.144,66 денари, култура 1.066,79 денари и 707,69 денари за одржување на здравјето.






Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната плата во земјава изнесува 26.422,00 и се однесува на плата исплатена во март годинава.

Поврзани содржини