Градот Скопје ја продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување.
„Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071-395-395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад. Оваа кампања годинава ќе го опфати целиот Скопскиот плански регион, зашто сите жители на котлината го дишат истиот воздух“, се наведува дво соопштението.
Покрај бесплатното подигање на органскиот отпад, Град Скопје како дополнителна мотивација годинава нуди можност секој што ќе ја искористи оваа поволност, во сезоната на садење да добие околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми отпад. Овој проект ќе опфати и компостирање на собраниот материјал во објект во сопственост на Градот Скопје.
„Ги повикуваме граѓаните да ја искористат оваа поволност и да побараат бесплатно подигање на остатоците од бербата, велат од Град Скопје.