ИРИ: Две третини од граѓаните сметаат дека државата се движи во погрешна насока

1,014

Близу две третини од македонските граѓани сметаат дека држвата се движи во погрешна насока – наспроти 33 кои сметаат дека оди во добра насока, покажува последната анкета на Амриканскиот републиканси инситут – ИРИ.

Најголем проблем во државата е економијата и невработеноста изјавиле 33 отсто од анкетираните, за 24 отсто тоа се трошоците на живот и восиките цени, а за 17 отсто – корупцијата. Најголем приоритете за владата треба да биде економијата, оценуваат граѓаните. Но од друга страна, состојбата во своето домаќинствата со 61 отсто ја оцениле како добра или донекаде добра.






Македонските граѓани најмногу и веруваат на Армијата –  кумулативно 64 отсто од оние кои изјавиле дека многи и веруваат ( 19 отсто и донекаде и веруваат – 45 отсто) . Потоа се религиозните заедници  со 63 отсто. Полицијата има  49 отсто доверба, наспроти 61 отсто од оние кои изјавиле дека донекаде  или т или воопшто не и веруваат,  потоа се Претседателот, кој има доверба од  41 отсто, наспроти 59 отсто граѓани кои делумно или воопшто не му веруваат. Потоа следуваат медиумите во кои кои делумна или целосна доверба имаат 41 отсто, а делумно или воопшто не им веруваат 58 отсто испитаници. Во премиерот доверба имаат 37 отсто, наспроти 59 кои делумно или воопшто му веруваат.  Убедливо најголема недоверба има судството од 79 отсто, потоа е јавното обвинителство со 73 отсто, политичките партии  и парламентот со 72 отсто и опозицијата со 66 отсто.

45 отсто од граѓаните сметаат дека државните политики водат кон поларизација, наспроти  36 отсто кои одговориле дека тие одат во правец на консензус . Огромни 81 отсто сметаат дека младите немаат добра иднина во земјата.

Поврзани содржини