Ѓоковиќ: Ќе продолжам да ја сакам Србија, иако тоа понекогаш ми создава проблеми

Тој истакнал дека е свесен за одговорноста и за должноста што ја има кон Србија, а тоа е да се претстави во најдобро можно светло.

1,093

Како што секој човек си ја сака својата земја и се труди во светот да ги промовира културата и традицијата на својата татковина, така и јас ја сакам Србија, иако сум свесен за препреките што понекогаш ми стојат на патот поради тоа, изјавил најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во обраќањето во Министерството за надворешни работи каде што присуствувале и амбасадори од повеќе држави.

Тој истакнал дека е свесен за одговорноста и за должноста што ја има кон Србија, а тоа е да се претстави во најдобро можно светло.






– И понатаму ќе продолжам да ја сакам Србија и да го почитувам својот народ. Ќе продолжам да ги уважувам сите останати народи во светот, бидејќи верувам дека со такво постапување непогрешливо се прави вистинската работа – рекол Ѓоковиќ.

Поврзани содржини