Стојаноска: Да се разреши Комисијата за заразни болести

789

Новото нормално за Заев и владата на Спасовски е што денес имаме дури 58 новозаразени, и неколку починати. Ова е крајно сериозна и алараматна информација која треба да ја крене на нозе државата и да го сврти вниманието кон системот кој не функционира и се плаќа со животи, рече на прес конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да се зборува за избори во едни вакви услови не само што не е нормално туку е и морбидно, и ВМРО-ДПМНЕ се противи на тоа да биде дел од сценариото на Заев за организирано убиство на граѓаните. Ова е најсилен аргумент дека брзи избори ја движат државата кон изборна кланица, а не изборен и кредибилен демократски процес.  До овде дојдовме затоа што владата, Филипче и Заев глумеа нормализација, а новото нормално е 58 новозаразени и бројка која постојано расте. Здравјето на граѓаните мора да биде пред сечив политички интерес без оглед дали се работи за интересот на Заев или некој друг – рече Стојаноска.






Според неа, се поставува сериозен сомнеж и за работата на Комисијата за заразни болести, и препораките кои тие ги даваат во изминатиот период.

– Тие се под политички притисок, наместо да го гледаат здравјето на граѓаните. Најголемиот дел се директори поставени од оваа власт дури има и кандидат за пратеник. Но ова не е време за водење политика, туку за носење на одлуки за заштита на здравјето на граѓаните. Комисијата исто како и владата потфрли, а бројката на новозаразени потврдува дека е доведено здравјето на граѓаните во опасност. Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и повикува на разрешување на Комисијата за заразни болести, и итно формирање на нова составена од експерти и надпартиски решенија кои ќе донесат итен пакет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните.Тоа е примарно да се направи во овие моменти – рече Стојаноска.

 

Поврзани содржини