Мицкоски: Август и септември е најдобар период за одржување на избори

Тој смета дека Заев со предлагање на датум за избори пред август сака да ја задржи фотелјата и по цена на животите на граѓаните.

549

Цениме дека крајот на август, почетокот на септември можеби би биле добри дати за одржување на изборите од позиција на заштита на здравјето на граѓаните, изјави во емисија „Клан Дебата“ на телевизија Клан, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Имаме кредибилни светски институции, лекари кои што велат прерано е за избори. Зошто прерано? Затоа што ние сѐ уште ги броиме луѓето кои што на дневна основа се инфицирани и ние сме апсолутни рекордери на Балканот. Да ја потсетам македонската јавност дека ние практично сме рекордери и по една друга категорија, а тоа е бројот на луѓе кои што за жал го загубиле својот живот, тука сме апсолутно рекордери на Балканот. И кога сето ова ќе го ставите на кантар и ќе видите каква е економска ситуација во моментов во државата, односно немерките кои што се превземаат и очекуваниот револт кај граѓаните, нивната позиција за мене како политичар е разбирлива, но како граѓанин е неоправдлива – рече Мицкоски.






Тој смета дека лидерот на СДСМ Зоран Заев со предлагање на датум за избори пред август сака да ја задржи фотелјата и по цена на животите на граѓаните.

–  Тоа го прави обично човек кој што е исплашен дека по поразот и дебаклот кој што ќе му се случи на следните предвремени парламентарни избори кога и да се случат, доаѓа вториот институт, а тоа е институтот на одговорност – рече Мицкоски.

Поврзани содржини