Славната актерка оди во затвор, по 14 месеци ја призна вината

1,648

Актерката Лори Лофлин (55), позната по улогата на Ребека во хит-серијата „Полна куќа“, и нејзиниот сопруг, модниот дизајнер Мосимо Џианули (56), ја изгубија битката на судот, откако беа обвинети дека ѝ платиле на фондацијата Сингер 500.000 долари за таа да ги претстави нејзините ќерки како веслачки, иако ниту една од нив не се занимава со веслање, и да ги вклучи во тимот на Универзитетот Јужна Калифорнија (УСЦ).

Лори добила два месеци затвор и треба да плати 150.000 долари, додека на нејзиниот сопруг му е изречена пет месеци затвор, а неговата казна е 250.000 долари.






Лори и Масимо на почетокот тврделе дека се невини и дека ги донирале парите во добротворни цели, но оваа недела на судењето двајцата се изјаснија за виновни. Доколку не ја признаеја вината, нивната затворска казна можеше да биде и до 20 години.

Околу 50 лица беа раскринкани дека давале мито, а меѓу нив беше и актерката од „Очајни домаќинки“ Фелисити Хафман (57). Актерот Даглас Хоџ (60) досега доби најтешка казна и тој треба да оди во затвор девет месеци, а треба да плати многу поголема парична казна.

Поврзани содржини