Стојаноска: Рано е да се оди на брзи избори

ВМРО-ДПМНЕ сака да се обезбеди фер и кредибилен изборен процес. И не бега од избори затоа што сме сигурни во изборна победа. Таа победа ќе се случи кога тогаш. Но ние се грижиме исклучиво за здравјето на граѓаните.

316

Според резултатите на заболени и починати од корона вирусот се уште е рано сега да има избори, рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Отворено Студио“.

– Лидерската средба, оваа денешната втората и од минатата недела беше најмногу на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, ние секако бараме да стигнеме до некаков заеднички заклучок и заедничко решение кое што ќе понуди излез од оваа криза, во која што завлеговме. Се разбира основен причинител е корона пандемијата која што ја зафати Македонија, но за жал и вторава средба, денешна што заврши пред еден час од изјавите што можевме да ги слушнеме од сите лидери кои што присуствуваа на неа резултатот е без исход – појасни Стојаноска.






Стојаноска посочи дека за жал според сегашните резултати на заболени и починати може да се забележи дека сѐ уште е рано за да се оди на брзи избори, никако во јуни.

– ВМРО-ДПМНЕ сака да се обезбеди фер и кредибилен изборен процес. И не бега од избори затоа што сме сигурни во изборна победа. Таа победа ќе се случи кога тогаш. Но ние се грижиме исклучиво за здравјето на граѓаните – нагласи Стојаноска.

Стојаноска истакна дека во однос на роковите тие секако се надминати, 60 дена рок според Уставот и законите, изборите да завршат. По распуштање на Собрание во рок од 60 дена треба изборите да се завршени. Но не се, тоа е факт. Поради тој факт и лидерите сега се состануваат.

– Единствено на Зоран Заев му одговараат брзи избори и тоа на 21 јуни. Зошто? За да не се соочи со револтот на граѓаните. Ќе го ризикува и нивното здравје само за да избегне од економската криза, па еве гледаме сега трет сет од мерки што се нуди. Повторно се популистички мерки. Зарем мисли Зоран Заев дека народот во Македонија ќе ги заборави сите негови нереализирани ветувања. И сега преку криза газејќи по лешеви сака избори. Но ВМРО-ДПМНЕ го става прво здравјето на граѓаните во прашање. Тоа е основната причина поради која ВМРО-ДПМНЕ не сака да оди на такви брзи избори кои што се единствено желба на Зоран Заев – потенцира Стојаноска.

Стојаноска образложи дека 75 отсто од граѓаните во Република Македонија не се заинтересирани за избори.

Поврзани содржини