Кумановка наседнала на измама во која е оштетена за 1.050 евра

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

652

Д.Р.(70) од Куманово синоќа пријавила во МВР дека била измамена од едно лице за сума од 1050 евра.

Како што соопшти полицијата, околу 13 часот на Д.Р. ѝ се јавило машко лице кое ѝ кажало дека ќерка ѝ направила сообраќајна незгода и згазила дете, а дека само тој како очевидец можел да ја спаси ќерка ѝ да не оди во затвор, доколку му даде пари. за да биде поубедлив измамникот ѝ кажал дека ќерка ѝ има скршена вилица и не може да зборува. Таа му поверувала и околу 16 часот излегла пред зградата каде што живее и му ги дала парите. Според пријавата, веднаш потоа се јавила ќерка ѝ, по што Д.Р. заклучила дека била измамена.






Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини