Арсенков: Од почетокот на епидемијата за два до три пати е зголемен бројот на пациенти со ургентна патологија

977

За два до три пати е зголемен бројот на пациенти со ургентна патологија на Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ – Скопје, позната како стара Градска болница од почетокот на епидемијата на ковид-19.

Во периодот од 1 април до 12 мај направени се 5.523 прегледи и извршени се 193 хируршки процедури со доминантна застапеност од областа на трауматологијата, абдоменалната хирургија, неурохирургија, како и други општо хируршки инервенции.






Поради коронакризата во стара Градска болница изминатите два месеца се изведуваа само итни интервенци и операции кај пациенти со малигни заболувања, но, како што вели во интервју за МИА директорот на Клиниката, д-р Љубен Арсенков во периодот што следи се размислува секако и за начинот на постепено враќање во поинакви услови на работење.

Во Клиниката не се вршат тестирања за ковид-19, бидејќи нема услови за тоа, но затоа, додава Арсенков, уште при првичниот контакт со пациентот и земената анамнеза, односно епидемиолошка анкета следена со мерење на температурата, се прави тријажа и пациентот се прима за натамошни иследувања.

– Доколку телесната температура е покачена или епидемиолошката анкета е позитивна, се превземаат дополнителни мерки за заштита и пациентот се препраќа во установи назначени за згрижување на овие пациенти – истакнува тој во интервјуто за МИА и очекува во иднина тестирањето да биде вклучено и таму во предоперативната подготовка кај пациентите.

Само пет вработени медицински лица од оваа Клиника заболеле од ковид-19, а по спроведената самоизолација тие се вратени на работа. Внатрешна трансмисија не е забележана, како и заразување на хоспитализираните болни.

Љубен Арсенков, кој е субспецијалист по дигестивна хирургија, а од јануари е на чело на Клиниката за хируршки болести.

Поврзани содржини