Еве како изгледа „подрумот“ во кој е сместен владиката Јоаникиј
Бетон горе, бетон долу и еден краток кревет. Тоа е подрум. Тоалетот е надвор и тие се наоѓаат под клуч - изјавил Тодоровиќ.
Владиката Јоаникиј од СПЦ е заклучен во подрум, изјавил денеска никшичкиот протојереј Миодраг Тодоровиќ, опишувајќи ги условите во кои се сместени приведените свештеници и владиката, пренесе „Новости“.
– Бетон горе, бетон долу и еден краток кревет. Тоа е подрум. Тоалетот е надвор и тие се наоѓаат под клуч – изјавил Тодоровиќ.
Дали тоа е штетно за здравјето, прашал протојерејот, додавајќи дека тоа треба да го оценат оние кои се грижат за здравјето на луѓето.
Тој исто така информирал дека и владиката и свештениците биле причестени.