Најтопло денеска – и до 36 степени, цела Македонија во жолта алертна фаза
Синоптичарите од УХМР прогнозираат дека под влијание на многу топла воздушна маса до вторник дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период на годината. Од утре температурните максимуми ќе имаат тенденција на сосема благо намалување.
Денеска времето е најтопло, со температури и до 36 степени Целзиусови, па со оглед на натпросечните температури за овој период од годината, целата земја се наоѓа во жолта алертна фаза – изјави Костадинка Арсовска, дежурен синоптичар во УХМР.
За Скопје максималната температура за овој период, за мај, е 32 степени, а денеска се прогнозираат 36 степени, а за Гевгелија и Демир Капија, највисоката температура е 33 степени, а и таму денеска се очекува да бидат измерени 36 степени.
– Под влијание на многу топла воздушна маса до вторник дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период на годината. Најтопло ќе биде денес, а од утре температурните максимуми ќе имаат тенденција на сосема благо намалување – прогнозираат од УХМР.
Оваа топла маса доаѓа од југ, а како што појаснуваат синоптичарите, се чувствува уште потопло отколку што е бидејќи времето е облачно, додека влажноста на воздухот не е многу голема. Во Скопје, на пример, таа денеска изнесува 35 отсто.
Времето денеска е сончево и многу топло со мала, до умерена облачност. Ќе дува умерен,
повремено засилен ветер претежно од југозападен правец, особено изразен во северните делови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 36 степени. УВ индексот е висок и ќе изнесува 9.
Времето во Скопје е сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и
ќе дува умерен, попладне на моменти засилен југозападен ветер. Tемпеpатурата ќе достигне до 36 степени.
Синоптичарите од УХМР прогнозираат дека под влијание на многу топла воздушна маса до вторник дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период на годината. Од утре температурните максимуми ќе имаат тенденција на сосема благо намалување.