Забрането пробување облека во моловите, градска ќе се полага со најмногу тројца во возило
Моловите ќе работат од 10 до 18 часот, освен недела, а во продавниците за облека забрането е пробување на облека – да се даде можност за пробување дома, со можност за замена на купената облека.
ПРИЛОГ бр. 5
1. Ограничено/скратено работното време (10:00-18:00) /затворени во недела
2. Регулирање на влезот на лица во затворениот продажен центар од страна на овластено лице, така што да не се дозволи групирање на луѓе во ходниците, така што ќе се дозволи по едно лице на 5m2.
3. Ограничување за лицата над 65 години, со можност за пазарување до 12 часот
4. Задолжително носење на заштитни маски и ракавици на вработените
5. Задолжително носење на заштитни маски на купувачите
6. Одржување на физичко растојание меѓу купувачите и меѓу купувачите и продавачите од 1,5m – 2m
7. Поставени на јасно видливи места, едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена. Дополнително, преку разглас (на секои 30 минути) информирање на купувачите за почитување на овие превентивни мерки
8. Регулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата, на 8m² – 10m² продажен простор, по еден купувач
9. Задолжително одредено лице од фирмата пред влезот на продавницата да го организира редот и бројот на купувачи
10. Пред влезот на продавницата обезбедено средство за дезинфекција на рацете
11. Во продавниците за облека забрането пробување на облека – да се даде можност за пробување дома со можност за замена на купената облека
12. Доколку на касите за плаќање не може да се обезбеди растојание од 1,5-2m помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот да се постави бариера од плексиглас. Доколку има повеќе каси за наплата да се обезбеди растојание од 1,5-2m помеѓу касите во редот.
13. Пред касите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2m меѓу купувачите
14. Засилени санитарно-хигиенски мерки, односно зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
15. Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
ПРИЛОГ бр. 6
1. Задолжително користење на заштитна маска од страна на кандидатот и инструкторот при обука на терен со возило
2. По секоја обука на поединечен кандидат, задолжителна е дезинфекција на внатрешноста на возилото
3. Организирање на теоретска настава во училница со почитување на мерките за физичко растојание помеѓу клупите од 1.5м-2.0м и задолжително носење на заштитни маски од слушателите и предавачот
4. Поставени средства за дезинфекција пред влез во училницата и редовна дезинфекција и одржување на хигиената и проветрување по секое одржано предавање
5. Три лица е максималниот број лица во возилото при спроведување на полагањата на кандидатот со носење на задолжителна заштитна маска на сите лица во возилото