Штипјанец ја тепал сопругата вторпат за една недела

408

55-годишна жена вторпат во рок од само една недела е физички нападната од својот сопруг. Таа во полицијата пријавила дека вчера доцна попладне во семејниот дом во Штип по претходна вербална расправија, била физички нападната од страна на нејзиниот сопруг К.Б.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова вели дека по комплетирање на случајот против лицето К.Б ќе биде поднесена кривична пријава, а жената со повреди завршила во болницата во Штип.






Во билтенот на СВР-Штип денеска е нотирано и дека на улица „Косовска“ во Штипдодека полициски службеници обезбедувале патничко возило натоварено со огревни дрвакое претходно било запренопоголема група на граѓани им упатувале закани,  почнале да ги растовараат дрвата од возилотодел од нив го стартувале возилото и побегналеа останатите со физичка сила и закани ги спречувале полициските службеници во вршењето на службените  дејствија.

Се работи на комплетирање на случајот по што против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.

Поврзани содржини