По повод Денот на мајките , социјалните мрежи изобилуваа со фотографии од мајки и славење на мајчинството.
И познатата македонска манекенка со интернационална кариера, Катарина Ивановска, го честита Денот на мајките со неколку прекрасни фотографии.
Катарина пред неколку месеци по вторпат стана мајка и на свет ја донесе ќеркичката Кира. Освен Кира, го има и поголемиот син Вања.
Убавата Катарина на Денот на мајките објави неколку фотографии на кои ја дои ќерката Кира, незаменливо чувство и незаменлива природна храна за секое доенче.
FOTO: Instagram