Јанева: Да знаете што сѐ јас знам!

1,444

Поранешната специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во својата одбрана за случајот „Рекет“ денеска, тврди дека работела единствено по законот за СЈО.

– Душата ми беше во СЈО, се гордеам на начинот на кој работев јас и моите помошници обвинители. Ниту еден оформен предмет не се темелеше само на прислушуваните разговори – рече Јанева во својот исказ.






Обраќајќи се кон судот, Јанева додаде:

– СЈО кое го водев четири години, од тогашната опозиција доби 660.000 фајлови со незаконски прибавени прислушувани материјали. Да знаете што сѐ јас знам, сигурно не би била на ова место. Но, збор не излезе од СЈО, ни буква! Се надевам дека фајловите се сè уште во зградата на Специјалното јавно обвинителство, каде се наоѓаат во специјални сефови. Јас ги набавив тие сефови, неуништиви се. Може да горат на лава еден час и да не се стопат.

Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева кажа дека фајловите биле слушани по три часа на ден и дека сите материјали биле сработени.

– Согласно законот за СЈО јавните обвинители имаа целосна слобода и независност во водењето на предметите и постапките – рече Јанева.

Таа нагласи дека таа не водела ниту еден од случаите, што биле отворени од СЈО и немала ниту еден предмет во нејзината канцеларија.

 

Поврзани содржини