Еден од заштитните знаци на Џенифер Лопез е нејзиното совршено тело, а до него не се доаѓа лесно. Освен што е вистински зависник од вежбањето, Џеј.Ло е исто така многу внимава и што јаде.
Нејзиниот личен готвач со медиумите сподели дека нејзината рутина е толку строга што нема простор за грешки.
Келвин Фернандез, кој готви за Џенифер.Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез, раскажал дека денот на Џенифер започнува со кајгана од белки од јајце и три видови зеленчук.
Јаглехидрати ретко се јадат, а шеќер воопшто не. За тоа колку е дисциплинирана 51-годишната пејачка тој одлучил да илустрира со една анегдота.
Како што раскажал за „ЈуЕс магазин“, пред нејзиниот настап во Супербол во февруари, Келвин одлучил да ја изненади со „семеен оброк“, затоа што работела напорно.
„Следниот ден таа ми рече: „Келвин, ти ми послужи ориз“. Јас ѝ реков дека ѝ дадов пилешко и салата, таа самата си стави ориз одозгора. Тогаш решив дека нејзе ќе ѝ ја сервирам секоја чинија одделно . Ѝ реков да не ги гледа туѓите чинии и да не внимава што јадат другите на масата“, рекол тој.
Готвачот ја пофали напорната работа и посветеноста на својата шефица и додаде дека му причинува задоволство што работи за неа, Алекс и за нивните деца.