На денешниот Светски ден за хигиена на рацете доделивме благодарници на медицинските тимови кои несебично и посветено се грижеа за пациентите заболени од ковид-19. На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, ГОБ „8 Септември“, КБ Битола, КБ Штип и ОБ Дебар се слушаа и гласни аплаузи за овие наши херои, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.
„Миењето раце и одржување хигиена е клучно за спречување на ширењето на вируси. Ова е меѓу првите препораки кои ги дадовме и останува основен и најсигурен механизам за заштита од ковид-19. Чистите раце спасуваат животи“, порача министерот.