Епидемијата на коронавирус во Македонија ќе заврши на 16 јуни, покажува проекција на научна студија на Универзитетот за технологија и дизајн во Сингапур.
Во анализата спроведена во глобални рамки, нивната лабораторија за проучување податоци проектира дека ковид-19 на светско ниво ќе биде актуелен најдоцна до 1 декември 2020 година, по што се очекува да стивне. За Македонија, се предвидува 99 отсто вирусот да исчезне до 22 мај, а во целост, ковид-19 на територијата на нашата држава да го снема до 16 јуни.
Кај нашите соседи и во земјите од регионот, од коронавирусот најбрзо ќе се ослободи Хрватска, за која предвидениот краен рок е еден ден пред Македонија – 15 јуни.
Во Србија ќе трае до 23 август, а во Грција до 11 јули. Според ова сценарио, најдолго со ковид-19 ќе се бори Албанија, каде што како датум кога ќе заврши заразата е посочен 7 октомври.
Во анализата, сепак, се предупредува дека нејзината содржина е наменета за научни и истражувачки цели и дека е подложна на грешки.