Длабоко сум разочаран од изјавата на портпаролот на СДСМ и ја сметам за избрзана и несреќна. Покрај политичка носиме и институционално – општествена одговорност кон граѓаните и јавноста, реагира на фејсбук попладнево кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски откако Костадин Костадинов од СДСМ јавно се огради од неговите изјави.
„Од 1995 година . се водам по начелата на мојата партија за демократија, еднаквост, отчетност, одговорност… и во тој дух ја извршувам функцијата градоначалник на најголемата општина во државата и ќе продолжам така. Дебатата ќе ја водиме внатре во партијата. Сега е време за дејствување против епидемијата и помош на граѓаните. Постапката ќе покаже дека нема основ за кривично дело и дополнително ќе ги потврди сомнежите. Институционалната хајка која се води против мене и членовите на штабот изминатите денови за мене до овој момент е неразбирлива. Не сакам ни да помислам дека некој во овие тешки моменти се поигрува со здравјето на моите сограѓани, води политика и креира црни сценарија за елиминација на неистомисленици. До тогаш останувам посветен на борбата против епидемијата и моите секојдневни обврски за доброто на сите граѓани“, пишува градоначалникот.
Тoj уште еднаш ја повика директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и министерот за здравство да го достави извештајот на увид зошто тоа не е таен документ.
„Сакам да ја информирам јавноста дека штотуку го добив резултатото за вториот контролен тест кој е негативен направен во Институтот за Јавно Здравје, од утре продолжувам посвтено со моите работни обврски“, пишува Димитриевски.