Владата ја пренамени италијанската донација за заштита на Радика за борба против ковид-19

Според одлуката, 1,6 милиони евра  ќе бидат пренаменети за борбата против ковид-19 во Југозападниот плански регион, како најпогоден регион од пандемијата во земјава.

2,440

Владата  денеска  ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од пренамена на преостанатите средства од Програмата за заштита на животната средина по долината на реката Радика, одобрени од Генералниот директорат за развој и соработка (DGCS) на италијанското Министерство за надворешни работи.

Како што соопшти владината прес-служба, Министерството за надворешни работи  треба да го пренесе барањето до италијанската страна за пренамена на преостанатите средства од Програмата за заштита на животната средина по долината на реката Радика.






Според одлуката, 1,6 милиони евра  ќе бидат пренаменети за борбата против ковид-19 во Југозападниот плански регион, како најпогоден регион од пандемијата во земјава.

Поврзани содржини