Министерот за здравство Венко Филипче сподели фотографии на кои се гледа како правилно се става и се вади заштитната маска од лицето.
– Многу е важно личната заштитна опрема да се користи правилно, за да се спречи дополнителен ризик од инфекција. Погледнете како се употребува, става и вади заштитната маска – вели тој.