Почна етапната исплата на пензиите во банките

348

Од денеска ќе се врши етапна исплата на пензиите на шалтерите на банките, според висината на пензијата.

За пензии до 11.000 денари исплатата е денеска, за пензии од 11.001 до 14.000 денари исплатата е утре (вторник 28 април), за пензиите од 14.001 до 18.000 денари исплатата е во среда 29 април и за пензиите повисоки од 18.001 денар исплатата е во четврток, 30 април.






Етапната исплата на пензиите е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрла пензијата, веќе можат да ги користат парите за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, пензиите можат да ги подигнат на банкоматите на банките.

Поврзани содржини