Три тони медицински алкохол од Винарија „Лозар“ Велес за здравствените центри во Западна Македонија
Благоја Механџиски години наназад е еден од најголемите хуманисти-донатори во Македонија. Тој упати желби за добро здравје на сите граѓани во Македонија.
Медицинските центри од Охрид, Струга, Вевчани, Ресен и Битола, добија донација од три тони медицински алкохол. Донацијата се раелизираше на иницијатива на Општина Охрид и ЈЗУ Општа болница Охрид. Алкохолот, поради пандемија со ковид-19 е еден од дефицитарните дизифициенси. Донатори на медицинскиот алкохол се компаниите Зегин, Винарија Лозар, НВО Балкан медија, ЈП Охридски комуналец.
Винарија „Лозар“ Велес и Благоја Механџиски донираа 3.000 литри алхохол за медицински потреби за потребите на сите здравстевни центри во државава. Благоја Механџиски години наназад е еден од најголемите хуманисти-донатори во Македонија. Тој упати желби за добро здравје на сите граѓани во Македонија.
– Од името на општина Охрид сакам на тие што се погрижија за да се реализира донацијата да се заблагодарам. Апелирам и на другите компании и поединци од општина Охрид да се вклучат во слични вакви акции во овие тешки моменти сите заедно да ги пребродиме полесно – кажа охридскиот градоначалник Константин Георгиески.
Доктор Диел Аголи, координатор на кризниот штаб при ЈЗУ Општа болница, исто така упати благодарност до сите компании кои покажале општествена одговорност и помагаат на заедницата, лекарите и здравствените работници во справување со Ковид19.
Поделена беше првата количина од 1.000 литри од обезбедените 3.000 литри медицински алкохол за регионот, кажа од името на донаторитеСашо Денесоски , од НВО Балкан Медија.
Донации со медицински алкохол Зегин има обезбедено и 1000 литри за Инфективната клиника во Скопје, 500 литри за кумановската општа болница и по 300 литри за медицинските установи во Готивар,Тетово, Дебар и Ростуше.