Докторката од Кочани 11 дена чекала резултати и одела на работа, а била заразена со ковид-19
Таа беше дежурна во саботата, а тројца колеги се испратени во самоизолација и ги чекаме нивните резултати. Не бевме известени дека правела тест и и беше наложено да достави писмен извештај до надлежните. Лекарката беше заштитена секогаш на смена и најмногу внимаваше - вели Александар Серафимовски, директор на Општа болница Кочани.
Позитивна на Ковид 19, лекарка-интернистка во Кочани цели 11 дена чекала резултати од тестирањето за кое не знаел никој во болницата. Таа преку матичен лекар добила упат за тестирање и за тоа време давала и дежурство. Резултатите биле дознаени во понеделникот навечер, објави телевизија Телма
.Александар Серафимовски, директор на Општа болница Кочани:- Таа беше дежурна во саботата, а тројца колеги се испратени во самоизолација и ги чекаме нивните резултати. Не бевме известени дека правела тест и и беше наложено да достави писмен извештај до надлежните. Лекарката беше заштитена секогаш на смена и најмногу внимаваше.
Државниот здравствено-санитарен инспекторат извршил вонреден надзор и ги утврдил датумите за тестирањето, а дополнително ќе прави надзор и како матичниот лекар издал упат за тест бидејќи станувало збор за асимптоматски случај.Извештај на ДЗСИ:
– Лекарката била тестирана на 9-ти април, а резултатот е добиен на 20-ти април навечер. Во тој период лекарката била дежурна еднаш. Утврдено е дека персоналот секогаш ги почитувал протоколите за заштита, секогаш носеле заштитни маски, одела за еднократна употреба и ракавици, и е вршена дезинфекција на одделението. На интерното одделение се сместени 6 пациенти кои се распоредени во засебни изолирани соби. Перосналот ја користи паузата поединечно и со запазување на пропишаната дистанца, а времето за пауза го поминуваат на тераса.