Чиле ќе издaва пасоши за луѓето кои се стекнале со имунитет по закрепнувањето од коронавирусот, а благодарение на овој важен документ, за нив ќе нема ограничувања на движењето, пренесе „Вашингтон пост“.
Ваквиот специјален пасош ќе им овозможи на сите кои закрепнале од вирусот или се тестирани за присуство на антитела, да се вратат на работа.
Според чилеанското Министерство за здравство, повеќе од 4.600 луѓе веќе имаат право на тој специјален пасош. Чилеанците можат да поднесат апликација за пасош и да бидат тестирани за антитела и доколку не покажат симптоми на болеста, властите ќе им го доделат овој посебен документ.
Сепак, и покрај тоа, некои потсетуваат на фактот дека во Јужна Кореја се пријавени 141 случај на лица кои повторно заболеле од ковид-19.