Бугарија купува 30.000 „PCR“ тестови од Јужна Кореја

415

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека земјата ќе купува 30.000 „PCR“ тестови за коронавирус од Јужна Кореја.

На вонредниот состанок на владата, кој се одржа преку видео-конференција, беше одобрен договорот за купување на 30.000 „PCR“ тестови за коронавирусот од Јужна Кореја во вредност од 303.000 долари.






– Желбата на Бугарија да ги купи тестовите ја кажав на крајот на минатиот месец во телефонски разговор со претседателот на земјата Мун Jeин Ин. Преговорите од страна на бугарската страна ќе ги спроведува министерот за здравство и по потреба може да се направат дополнителни барања според договорот за снабдување, во зависност од потреби – соопшти Борисов.

Тестовите „PCR“ се сертифицирани за употреба во ЕУ за дијагностицирање на ковид-19.

Поврзани содржини