Скапо ѓубре, 2.000 евра ќе плати штипјанец кој во самоизолација фрлал отпад

1,048

Штипското обвинителство поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Штипјанецот наместо да биде во самоизолација бил затекнат како фрла ѓубре.

– Обвинетиот на 24 март добил известување од вирусолошката лабораторија на ПЗУ Поликлиника Жан Митрев дека неговиот резултат од испитувањето на ковид-19 е позитивен, при што му било издадено Решение со кое се одредува лекување и изолација во домашни услови. Но, на 30 март тој не постапил по решението, го напуштил својот дом како место за самоизолација и со своето возило бил затекнат како фрла ќеси со отпад во близина на Здравствениот дом во Штип – велат од Обвинителството.






Јавното обвинителство прдложи на осомничениот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

 

Поврзани содржини