Експертите тврдат дека само еден лек за ковид-19 нема да биде доволен

Пред да добиеме соодветна терапија или вакцина, стратегијата „тестирање-следење-изолација“ е единствената опција која може да го стави ширењето на заразата под контрола - вели Чен.

1,136

Сите држави од светот ги здружија силите во обид да се пронајде лек или вакцина против коронавирусот, но експертите сметаат дека еден лек нема да биде ефикасен за сите луѓе на планетата.

Во Кина, на пример, на пациентите заразени со коронавирусот им биле давани потенцијални антивирални лекови кои или се во фаза на три клинички истражувања или се веќе одобрени за некоја друга индикација. Но, лек против ковид-19 сè уште не е пронајден. Ова го тврди професорот Џинзу Чен од американскиот МИТ Универзитет.






– Иако постои истражување кое вели дека одредени лекови би можеле да имаат терапевтски ефект, сепак, за да го потврдиме тоа, неопходни се контролирани клинички истражувања со поголем број пациенти. Постои многу мала веројатност еден лек да биде ефикасен за сите луѓе. Како и со вакцината, потребно е паралелно да се развиваат неколку различни терапии за да се зголеми шансата за успех – рекол Чен.

Тој смета дека светот сè уште се наоѓа во процес на санирање на кризата со цел да се намали бројот на инфицираните луѓе.

– Пред да добиеме соодветна терапија или вакцина, стратегијата „тестирање-следење-изолација“ е единствената опција која може да го стави ширењето на заразата под контрола – вели Чен.

Поврзани содржини