Штипската групација „Езимит“ донира шест милиони денари во државниот буџет

701

Во услови кога државата се соочува со справување со пандемијата, од штипската групација „Езимит“ соопштија дека донираат шест милиони денари во државниот буџет.

Групацијата Езимит, како општествено- одговорна  компанија земајќи ја предвид моменталната ситуација во Македонија, донесе одлука предвреме да ги исплати средствата по основа на данок на добивка за 2020 и 2021 во износ од шест милиони денари – се вели во соопштението од групацијата „Езимит“.






Менаџерскиот тим наведува дека  групацијата ќе се откаже од мерките за помош на стопанството на Владата.  Езимит групацијата  ќе ги задржи сите вработени без да им се намалат платите

Поврзани содржини