Обвинителството казни четворица со по 2.000 евра, не ги почитувале вонредните мерки

171

Основното јавно обвинителство Делчево до Основниот суд Делчево поднесе предлози за издавање казнени налози во висина од по 2 000 евра за едно лице што не спровело самоизолација и три лица кои не го почитувале полицискиот час.

– Едно лице е обвинето за кривичното дело бидејќи не ги почитувал наредбите за спроведување задолжителна самоизолација. За време на периодот од 14 дена во кој не требало да го напушти престојувалиштето, обвинетиот не бил пронајден при вршење на контрола – информираат од ОЈО.






Три лица се товарат дека не постапиле согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.

За сите обвинети лица, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 2000 евра во денарска противвредност.

Штипското обвинителство денеска побара парични казни во висина од по 100 дневни глоби , секоја од нив со висина од по 20 евра во денарска противвредност за три лица кои го прекршиле полицискиот час.

За обвинетите се поднесени предлози за издавање казнени налози, бидејќи за време на епидемија не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување односно Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

Тие во одделни кривично правни настани, пеш или со патнички возила се движеле низ Штип на 25 и 26 март. Со тоа го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.​

Поврзани содржини