Гејтс ќе финансира изградба на фабрики за производство на вакцини

491

Основачот на Мајкрософт за „Дејли шоу“ изјавил дека неговата фондација ќе помогне побргу да се мобилизира владата за борба против пандемијата на коронавирус.

– Бидејќи нашата фондација има длабока експертиза за заразни болести, размислувавме за епидемијата и финансиравме неколку подготвителни работи, како што е вакцината – вели Гејтс.






Тој веќе ги избрал седумте најверојатни кандидати за производство на вакцини и ги подготвил темелите за почеток на производството.

– Иако нашата селекција ќе заврши со максимум два вида , ние ќе ги финансираме сите седум преостанати компании, само за да не трошиме време велејќи: „Oк, добро, каква вакцина делува?“’ И тогаш ќе изградиме фабрика “- рекол тој и додал дека вреди да се изгубат неколку милијарди долари заради ситуацијата во која се наоѓаме.

 

Гејтс ја повика владата да спроведе построги мерки на карантин во секоја држава и процени дека на САД ќе им требаат уште 10 недели изолација низ целата земја за ефикасно да се справи со кризата.

Поврзани содржини