Телефонистка во Поликлиника Чаир позитивна на коронавирус

Досега во Здравствен дом Скопје со коронавирус се заразени вкупно четворица вработени.

525

Вработена во Поликлиниката Чаир е заболена од коронавирус и веднаш е ставена во изолација, по што е извршена дезинфекција на објектот,  потврди денеска директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски.

Тој посочи дека досега во Здравствен дом Скопје со коронавирус се заразени вкупно четворица вработени.






– Во Здравствен дом Скопје дијагностицирани се позитивни тестови на четири лица и тоа телефонистка од Поликлиниката Чаир, медицинска сестра од Поликлиниката Ченто, возач на Итната медицинска помош, како и медицинска сестра од Домашната посета. За сите овие лица е одреден домашна изолација и земена е епидемиолошка анкета – рече д-р Исјановски.

Дезинфекција е извршена и во останатите поликлиники, како и во Итната медицинска помош, а одлучено е вработените во Домашна посета покрај останатата заштитна опрема да носат и скафандери.

Поврзани содржини