Заев: Ако се земаат пари од вториот пензиски фонд, се земаат пари од граѓаните
очекуваме банките да ги намалат каматите за тие три месеци додека се одложени кредитите. Имаат простор каматите да ги намалат за онолку колку што им е намален трошокот, изјави претседателот на СДСМ.
Не треба да се чепка во вториот пензиски фонд, тоа се пари на граѓаните, ако чепкаме во тие пари исто како да им земаме од дома. Цел свет, сите експерти препорачуваат прво да задолжувате надвор, да се земаат кредити од странство, потоа кога веќе нема да можете да се задолжувате надвор, тогаш се задолжувате на домашен пазар, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.
– Банките овде се ликвидни, тие имаат 600 милиони евра и дополнителни 400 милиони евра кои се запишани во благајнички записи и тие треба да ги оставиме дома, затоа што банките ги следат граѓаните. Банкарскиот систем во секој земја е столб на финансискиот систем и тие пари треба да им ги оставиме на банкарскиот систем, ако ние им ги земеме тие пари, тие нема да можат да им даваат пари на граѓаните и стопанството. Има правила коишто треба да се следат, а Мицкоски како инженер треба да праша за економија – посочи Заев.
Пред владата постои можноста да донесе Уредба и да им наложи на банките, главницата и каматата да ја одложат најмалку три месеци, но граѓаните треба да знаат дека банките кредитите ги даваат од штедните влогови на други граѓани и дека за тие штедни влогови исплаќаат камати. Ако не исплаќаат камати, граѓаните ќе ги повлечат штедните влогови и ќе се сруши банкарскиот систем, овени Заев.
– Затоа им е оставено на банките да одлучуваат и секаде и во Србија, Хрватска, Црна Гора, каматите се пресметуваат додека трае одлагањето. Ние бараме таквата камата да биде намалена. Јавно кажувам дека Владата се обрати до банките со вакво барање, затоа што Народната банка ја намали задолжителната резерва која беше трошок за банките и сега банките имаат помал трошок и тој помал трошок да го распоредат и кон клиентите. Јас лично, но и Владата очекуваме банките да ги намалат каматите за тие три месеци додека се одложени кредитите. Имаат простор каматите да ги намалат за онолку колку што им е намален трошокот – изјави претседателот на СДСМ.