Куманово не се откажува од мерката карантин

На состанокот, како што е наведено во соопштението, повторно било побарано од Владата да се спореведе целосна изолација на градот.

398

Исто како и вчера, така ид енеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање активности и мерки од ширењето на болеста Ковид-19.

На состанокот, како што е наведено во соопштението, повторно било побарано од Владата да се спореведе целосна изолација на градот.






„Бараме од Владата на Република Северна Македонија целосна изолација (карантин) на град Куманово со точно утвредени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во градот. Се задолжува ЈП Чистота и зеленило во најбрз можен рок да изврши обележување со жолти линии со растојание помеѓу нив од 2 метри пред сите банки и пошта. Апел до граѓаните до Општина Куманово да се придржуваат согласно препораките на Министерство за здраство и Влада на Република Северна Македонија да се однесуваат одговорно спрема себе и спрема другите околу нив“, стои во соопштението.

Поврзани содржини