Паника во Ватикан: Кардиналот Анџело е позитивен на Ковид-19, имал редовни средби со папата?
Како што објави Си-Ен-Ен, Де Донатис бил примен во болница со грозница, но од црквата велат дека состојбата му е стабилна.
Кардиналот Анџело де Донати, кој е викар во Рим и еден од најважните луѓе во Католичката црква е заразен со коронавирусот.
Како што објави Си-Ен-Ен, Де Донатис бил примен во болница со грозница, но од црквата велат дека состојбата му е стабилна.
– Смирен сум и самоуверен. Му се препуштив на Бог – рекол кардиналот.
Папата Франциск во 2018 година го прогласи Де Донатис за кардинал, а италијанските медиуми пишуваат дека двајцата редовно се гледале во изминатиот период. Исто така, локалните медиуми наведуваат дека сите соработници на кардиналот веќе се ставени во самоизолација откако се покажал позитивен тестот на Де Донатис.